Дома Тенис Ѓоковиќ ги демантираше Шпанците и најави. Нешто ќе се случи, не смеам сега да ви кажам

Ѓоковиќ ги демантираше Шпанците и најави. Нешто ќе се случи, не смеам сега да ви кажам

Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Доха, каде следната недела го очекува многу силен АТП турнир од серијата 500, а пред истиот мораше да ги демантира гласините кои се појавија во шпанските медиуми.

Шпанците пишуваa за тоа дека легендарниот Фернандо Вердаско ќе стане новиот тренер на Ѓоковиќ и на таа позиција ќе го замени Енди Мареј, но Србинецот брзо реагираше и ги демантираше сите.

Интересно е дека до ваква дезинформација од Шпанија дојде поради погрешен превод од српскиот јазик, бидејќи Шпанците само ги пренесоа вестите на Спорт Клуб, но целосно тргнаа во погрешен правец.

Имено, Спорт Клуб објави дека Вердаско ќе тренира со Ѓоковиќ во Доха, а Шпанците ја пренесоа веста велејќи дека легендарниот тенисер станува тренер на Новак.

“Не е вистинита веста. Нешто друго е на повидок, но тоа не можам да го кажам. Тоа тој треба да го објави”, рече Ѓоковиќ по тренингот кој траеше еден час, а го прекина дождот, кој ги изненади сите во катарската Доха.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Човекот од тимот на Надал ја презема Шпанија: Марк Лопез го наследува Ферер

Марк Лопез треба да ја преземе шпанската Дејвис куп репрезентација од 1 јануари, а неговио…