Дома Останати Тенис Ѓоковиќ без загубен сет против Бергс до полуфинале во Шангај

Ѓоковиќ без загубен сет против Бергс до полуфинале во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Шангај, совладувајќи го Зизу Бергс со 2-0 во сетови (6-3, 7-5).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првиот сет, Ѓоковиќ уште на самиот почеток го притисна сервисот на ривалот, но до брејк стигна дури во шестиот гем (4-2), што беше доволно за да ја задржи предноста и да го добие сетот со 6-3.

Вториот сет донесе повеќе неизвесност – Ѓоковиќ направи брејк за водство 5-4, но Бергс веднаш возврати и израмни на 5-5. Сепак, Србинот во следниот гем повторно го одзеде сервисот на противникот, а потоа со сигурен сервис го затвори мечот за конечни 7-5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа со голема борбеност обезбеди победа од 2-1 во сетови против Франциска Хорхе …