
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ говореше на прес-конференцијата по поразот во полуфиналето на САД опен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ загуби со максимален резултат од Карлос Алкарас – 6:4, 7:6 (4), 6:2. Новак имаше солидна сезона на Грен слем турнирите и четири полуфиналиња, но Алкарас и Јаник Синер се премногу силни.
„Мислам дека си во право. Изгубив три од четири Грен слема во полуфиналињата против нив двајца. Едноставно се пресилни, играат на многу високо ниво. Останав без енергија после вториот сет. Два сета можев да се држам со него, тој после тоа можеше уште, а јас не. Истото ми беше и со Јаник. Тешко ми е баш на три добиени да играм со нив, особено во завршниците на слемовите”, рече Ѓоковиќ.
Фотографија: Принтскрин