Дома Останати Ракомет Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескаво деби во дресот на Битигхајм, откако со своите 16 одбрани беше клучниот човек за победата во германскиот Куп против неговиот поранешен клуб Потсдам.

Тимот на Битигхајм славеше минимално со 25-24, а токму Томовски беше херојот на мечот, не дозволувајќи им на своите поранешни соиграчи да го изненадат. За македонскиот репрезентативец ова беше прв официјален настап во новиот клуб, а веднаш успеа да се наметне пред публиката и да добие големи аплаузи.

Со овој триумф, Битигхајм обезбеди пласман во 1/16 финалето од Купот на Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид е број еден: Објавен Топ 16 ранкингот за ЕХФ Европскиот куп

ГРК Охрид влегува како прв фаворит во рангирањето пред второто коло, а веднаш зад него е А…