Дома Фудбал Газдите обезбедија финансиска гаранција: Лион избегна историски срам

Газдите обезбедија финансиска гаранција: Лион избегна историски срам

Фудбалскиот клуб Лион останува во најсилната француска лига, откако е прифатена жалбата на клубот, објави француската Лига 1.

Како што е објавено, раководството на клубот чиј играч е и Србинот Немања Матиќ, успеа да обезбеди финансиски гаранции кои денеска ги прифати апелацискиот одбор на Дисциплинската комисија на француската Лига 1, по што е поништена одлуката за испаѓање на клубот во понизок ранг.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мишел Канг, новата претседателка на клубот, и Михаел Герлингер, новиот генерален директор, успеаја за кратко време, по 24 јуни и одлуката за испаѓање во понизок ранг, да ги решат горливите проблеми и да обезбедат финансиски гаранции за учеството на клубот во Лига еден.

Лион новата сезона во Лига 1 ја отвора на 17 август со гостување кај Ланс.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Фиго брутално го понижи Реал Мадрид

Сезоната што се приближува до крајот донесе големо разочарување за Реал Мадрид, клуб навик…