Дома Фудбал Гатузо најави заминување, па предложи нов тренер за Хајдук!

Гатузо најави заминување, па предложи нов тренер за Хајдук!

Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватска. 

Има три бода помалку од Риека, два од Динамо и само чудо во последните три кола може да ги одведе до титулата. Ѓенаро Гатузо го водеше овој тим цела сезона, а поради слабите резултати на крајот, титулата е далеку. 

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


“Можеби се повторувам, но… Дојдов во овој прекрасен град со насмевка и така ќе биде и кога ќе заминам”, рече Гатузо. 

“Овие 11 месеци беа тешки и во моментот кога ќе заминам многу ќе ми биде жал. Сретнав луѓе кои ми обележаа живот”, истакна италијанскиот тренер кој на овој начин го најави своето заминување. 

Интересно, има и предлог за нов тренер, а тоа е Марио Царевиќ. 

“Интересен е тренер. Играл во Хајдук и добро ги познава работите. За него можам да кажам само убави зборови. Тој е вистинскиот профил на тренер за Хајдук. И други тренери во ХНЛ ме изненадија”, рече Гатузо. 

До крајот на сезоната Хајдук гостува кај Горица, го пречекува Риека и гостува кај Шибеник, додека Риека покрај гостувањето на Полјуд, има и гостување кај Шибеник и меч против Славен Белупо дома. Најлесен распоред има Динамо кој игра против Славен и Вараждин дома, а гостува кај Локомотива. 

Фото: Hajduk Split/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ ја соопшти казната за Шкендија Арачиново за скандалот во кој редар шутна фудбалер на Брегалница

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска ја соопшти санкци…