Дома Фудбал Футсалците разочараа: Не ја победија Андора

Футсалците разочараа: Не ја победија Андора

Футсал А репрезентацијата на Македонија одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Андора на домашен терен во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашата најдобра футсал репрезентацијата во спортската сала „Јане Сандански” не успеа да ја оправда фаворитската улога и одигра само нерешено против аутсајдерот во нашата група.

Првиот погодок на денешната средба го постигна Петровиќ во 33. минута и ја доведе Македонија во позитива. Футсалецот погоди по асистенција на Рамадан, но радоста траеше кратко.

Противникот веднаш возврати и преку Жозеп Сегура го изедначи резултатот.

Македонија во претходното коло се соочи со фаворитот во групата, Холандија и на гостински терен забележа пораз со 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го собори клупскиот рекорд: Мурињо добива засилување за 140 милиони евра!

Реал Мадрид продолжува со амбициозниот проект за создавање на тимот на иднината, а денеска…