Дома Фудбал Фудбалерите на Струга биле нападнати, суспендиран стадионот на Башкими!

Фудбалерите на Струга биле нападнати, суспендиран стадионот на Башкими!

Врз основа на доставениот записник и делегатски извештај од натпреварот помеѓу ФК Башкими 1947 Куманово и ФК Струга Трим Лум Струга, одигран во рамки на 28. коло од Прва МФЛ, на 19.04.2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово, Комисијата за натпревари при ФФМ констатира сериозни нарушувања на редот и безбедноста по завршувањето на натпреварот.

Имено, по завршување на средбата, додека делегатот и судиската екипа сè уште се наоѓале на теренот, настанал инцидент во кој биле нападнати играчи и претставници на гостинската екипа од страна на лица поврзани со домашниот клуб и редарската служба. Во инцидентот се вклучило и лицето Бурак Хида, кое не било заведено во записникот, а кое физички го нападнало претставникот на гостинската екипа, Шаќири Мифтар, нанесувајќи удар во пределот на градите, по што следувале и вербални навреди и недолично однесување кон повеќе членови на гостинскиот тим.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Инцидентот траел околу 10 до 15 минути, по што со интервенција на полициските службеници, делегатот и судиската четворка биле безбедно спроведени во службените простории. Дополнително, делегатот побарал засилено полициско присуство со цел да се овозможи безбедно напуштање на стадионот од страна на гостинската екипа.

Исто така, на почетокот на натпреварот, делегатот го информирал претставникот на Министерството за внатрешни работи дека во случај на појава на навредливи содржини кон државата и ФФМ, натпреварот ќе биде прекинат. Оваа информација била пренесена до претставник на домашниот клуб, кој потоа влегол во вербална расправија со делегатот, оспорувајќи ја неговата надлежност.

Согласно член 75-в и член 77-г од Правилникот за натпревари на ФФМ, Комисијата за натпревари донесе одлука за суспензија на теренот на стадионот „Башкими“ во Куманово до донесување конечна одлука. Воедно, против ФК Башкими 1947 Куманово и лицето Бурак Хида се покренува дисциплинска постапка, а предметот се доставува на понатамошно постапување пред Дисциплинската комисија на ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија најостро ги осудува сите форми на насилство и недолично однесување и ќе продолжи доследно да ги применува прописите со цел заштита на интегритетот на натпреварувањето и безбедноста на сите учесници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ден по поразот на „Етихад“, јасна е судбината на Артета во Арсенал!

Фудбалерите на Арсенал синоќа беа поразени со 2:1 на Етихад од Манчестер Сити и сега се по…