Дома Фудбал Фудбалерите на Лацио шокирани од условите кои ги дочекаа на натпреварот во Лига Европа (Видео)

Фудбалерите на Лацио шокирани од условите кои ги дочекаа на натпреварот во Лига Европа (Видео)

Првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на Европа се играат овој четврток, а еден натпревар веќе се издвојува по екстремните услови. Фудбалерите на Лацио слетаа во Будо, град на северот од Норвешка, каде што ги дочекаа минусни температури, мраз и снежна бура, и тоа среде април. На таа локација ги очекува првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа против Бодё/Глимт.

Освен тоа, италијанскиот клуб ќе мора да се навикне на играње на вештачка трева, но тренерот на Лацио Марко Барони смета дека неговиот тим не треба да се извлекува на тие услови. “Тоа не смее да биде алиби, знаеме какви се условите, но исто така знаеме дека играме против многу добар тим”, рече Барони.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


“Сигурен сум дека тимот нема да направи грешка на натпреварот. Ладното време, силниот ветер и теренот не смеат да бидат изговори, натпреварот е премногу важен за тоа. Самиот јас играв една година на вештачка трева и тоа е предност – точно знаеш како ќе одскокне топката. Мораме брзо да се приспособиме”, заклучи тој.

Лацио го избори четвртфиналето на Лигата на Европа по двомечот со Викторија Плзен, додека Бодо/Глимт продолжи понатаму по натпреварите со Олимпијакос. Во продолжение погледнете ги временските услови во Норвешка.

Фото: Пртинскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…