Дома Фудбал Фудбалер и тренер загинаа во сообраќајна несреќа

Фудбалер и тренер загинаа во сообраќајна несреќа

Фудбалер и еден член на стручниот штаб на алжирскиот прволигашки клуб Молудија Ел Бајад ги загубија животите во сообраќајна несреќа, соопшти синоќа Фудбалската федерација на Алжир.

Клупскиот автобус се превртел во градот Сугуеур во северозападниот дел на Алжир, загинале 27-годишниот голман Закарија Бузијани и помошникот тренер Калид Мухтаф.

„Претседателот на Фудбалската федерација на Алжир, Валид Садија, со огромна тага ја прими веста која го потресе клубот Ел Бајад“, се наведува во соопштението на АФФ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…