Фудбалерите на Јувентус вчеравечер запишаа рутинска победа во натпреварот од 24-тото коло во Серија А против аутсајдерот Фросиноне. Откако во минатото коло на гости го победија Сасуоло со 3:0, со истиот резултат Јувентус славеше и против Фросиноне. Навивачите на „старата дама“ посебно се задоволни од натпреварот кој го одигра Паоло Дибала кој конечно доби шанса од првата минута. Местото во …


