Привремениот менаџер на Лестер Бен Досон денеска изјави дека не знае ништо за наводното назначување на Руд ван Нистелрој за нов менаџер на „Лисиците“. Британските медиуми објавија дека управата на Лестер ќе го ангажира Ван Нистелрој, кој на 15 ноември го напушти Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Рубен Аморим. Тој се приклучи на стручниот штаб на Јунајтед ова лето, а …