Дома Фудбал Франкфурт ќе потроши 25 милиони евра за замената на Мармуш

Франкфурт ќе потроши 25 милиони евра за замената на Мармуш

Фудбалскиот клуб Ајнтрахт од Франкфурт остана без најдобриот играч и стрелец Омар Мармуш кој премина во Манчестер сити за околу 75.000.000 евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Египќанецот кој постигна 20 голови и запиша 14 асистенции оваа сезона остави голема празнина во нападот на екипата од Франкфрут и германскиот тим сега е во потрага по неговата замена.

Не е сосема соодветна замена ако се земе предвид неговиот досегашен резултат оваа сезона, но сепак се работи за квалитетен напаѓач кој би можел да блесне во Бундеслигата. Станува збор за Ели Ваи, кој ги брани боите на Олимпик Марсеј.

Ваи е на чекор од заминување и тоа за дури 25.000.000 евра, колку што Олимпик плати за него минатото лето на Ланс.

Ваји има 22 години, а најдоброто негово издание беше во 2022/23 кога за Монпеље постигна 19 голови и забележа шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …