Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Фотографија на Мбапе од детството сега кружи на интернет

Фотографија на Мбапе од детството сега кружи на интернет

Францускиот крилен играч Килијан Мбапе вчера беше избран за најдобар млад фудбалер на Светското првенство.

Тој во финалниот натпревар постигна погодок во победата на својата репрезентација над Хрватска со 4:2, па сосема заслужено го освои ова признание.

После натпреварот на интернет се појави една фотографија од детството на Мбапе и тоа со еден од неговите идоли Тиери Анри.

Занимливо, Анри имаше 20 години кога беше член на репрезентацијата на Франција која го освои Мундијалот во 1998, а денеска Мбапе има една година помалку.

Ако направи кариера како Анри, сигурно ќе биде горд на себе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…