Дома Останати Фото: Ѕвездата на ПСЖ во врска со Мис Франција

Фото: Ѕвездата на ПСЖ во врска со Мис Франција

Успешните и богати фудбалери се вистински магнет за атрактивните девојки, а по тоа не се издвојува ни ѕвездата на Пари Сент Жермен, Хатим Бен Арфа.

Иако оваа сезона „не му оди најдобро“ кога е фудбалот во прашање, Бен Арфа постигна „атрактивен гол“ во приватниот живот, бидејќи покрај себе ја има убавицата Ирис Митанарен.

Хатим и Ирис се запознале во еден ноќен клуб, а француските медиуми открија дека од неодамна се во љубовна врска.

Треба да се нагласи дека Ирис беше прогласена за Мис на Франција во 2016 година. Родена е во Лил, има диплома од стоматолошки факултет, а ги сака екстремните спортови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…