Дома Фудбал (Фото) Навивачите на Ливерпул гневни на Кутињо, му го скршиле скапиот автомобил

(Фото) Навивачите на Ливерпул гневни на Кутињо, му го скршиле скапиот автомобил

Група навивачи на Ливерпул направиле инцидент на паркингот кој се наоѓал во непосредна  близина на „Енфилд“.

Имено, навивачите го скршиле автомобилот на најголемата ѕвезда на Црвените. Мета на нивниот напад било скапото Порше на Кутињо, каде што го скршиле стаклото. Британските медиуми ова го карактеризираат како одговор на неговата изјава дека би сакал да се пресели во Барселона.

Со оглед на тоа што Кутињо е најдобар фудбалер на Ливерпул, на навивачите на англискиот гигант не им се допаѓа идејата на Ливерпул да го продаде, како и желбата на самиот фудбалер.

Кутињо неодамна го продолжи договорот со Ливерпул до 2022 година, но не е тајна дека ова лето најверојатно ќе потпише за Барселона, која би можела да плати неверојатни 90 милиони евра за неговите услуги.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…