Дома Фудбал Флорентино Перез го повика Чеферин, темата е Барселона: “Да видиш што правеле, има 500 страници”

Флорентино Перез го повика Чеферин, темата е Барселона: “Да видиш што правеле, има 500 страници”

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи ’случајот Негреира’, во кој е најголемиот ривал Барселона обвинета за купување на судии, да го предаде на УЕФА. Веќе не верува во шпанскиот систем и ќе се обиде преку кровната куќа на европскиот фудбал да издејствува каква било казна за најголемиот ривал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мадридските медиуми тврдат дека Перез вчера го повикал првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин. Разговарале на темата Негреира.

„Вчера Флорентино Перез го повика Чеферин и му соопшти дека ќе го достави целиот досие за случајот ‘Негреира’. На 500 страници е детално опишана секоја судиска грешка“, се наведува.

Перез, веројатно, ќе бара од УЕФА санкции за Барселона. Одлучи сето ова да го крене на повисоко ниво и да се обиде да го очерни каталонскиот тим.

Случајот Негреира е една од најголемите контроверзи во историјата на шпанскиот фудбал и се однесува на исплатите што Барселона ги извршувала на компании поврзани со Хосе Енрикез Негреира помеѓу 2001 и 2018 година. Вкупниот износ на исплати бил околу 8,4 милиони евра.

Негреира во тој период беше потпретседател на Техничкиот комитет на судии, тело кое ги оценува и управува со судиите во шпанскиот фудбал. Поради тоа, од Реал тврдат дека Барса всушност плаќала за судиски услуги и на тој начин остварувала предност на теренот.

Барселона призна дека парите биле исплатени, но тврди дека станува збор за легални консултантски услуги. Плаќале за анализи на судии, извештаи за нивниот стил на судење и технички совети за стручниот штаб. Клубот негира дека некогаш купувал судии или влијаел на резултати на натпревари.

Истрагата сè уште трае, но до денес не е објавен ниту еден доказ дека некој судија примил мито или дека конкретен натпревар бил наместен во корист на каталонскиот клуб.

И покрај тоа, Реал одлучи да реагира. Перез лично го повика Чеферин и му порача дека очекува реакција од страна на УЕФА во овој случај.

Ќе видиме дали ќе има реакции. Реал е моќен, Перез исто така, но УЕФА има последниот збор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата на Тотенхем го исмејуваше Арсенал, па со објава за Габриел го шокираше фудбалскиот свет!

По 22 години чекање, Арсенал конечно ја освои титулата шампион на Англија и имаше можност …