Тренерот на Барселона Ханси Флик потврди дека викендов во тимот ќе се врати фудбалерот Ламин Јамал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Јамал нема играно од почетокот на месецот поради повреда на скочниот зглоб, но тренираше со тимот во четвртокот и ќе биде во конкуренција за составот за претстојниот натпревар против Лас Палмас.
“Ламин се врати. Тој е подготвен за игра. Ќе видиме дали ќе го започне натрепварот. Може да игра, ќе игра”, изјави Флик, пренесоа шпанските медиуми.