Дома Фудбал Фламенго триумфираа, а Копакабана полуде од среќа. Погледнете ја величествената прослава

Фламенго триумфираа, а Копакабана полуде од среќа. Погледнете ја величествената прослава


Фудбалерите на Фламенго забележаа голема победа против Челси со резултат од 3:1 на натпреварот од второто коло на Светското клупско првенство на ФИФА. Англичаните поведоа со голот на Педро Нето во 13. минута, но Бразилците блеснаа во второто полувреме. Прво, Бруно Енрике израмни во 62. минута, а Данило го донесе пресвртот со погодокот во 65. За конечните 3:1 се погрижи Валас Јан во 83.

Со оваа победа, Фламенго го оствари својот втор триумф на натпреварувањето и го зазеде првото место на табелата со шест бодови, додека Челси е втор со три. Бразилците направија значаен чекор кон освојување на првото место во групата.

По важната победа на Фламенго, каде што бразилските екипи останаа непоразени и деветти пат во годинешното првенство, следеа спектакуларни сцени на прослава на прочуената плажа во Рио де Жанеиро, Копакабана. Погледнете како изгледаше тоа ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Медисон се врати со гол и емоции: По „темните денови“ повторно блесна за Тотенхем

Џејмс Медисон го одбележа првиот премиерлигашки старт по долгата пауза со прекрасен гол во…