
Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширување на Светското првенство на дури 64 екипи, што повторно ја разбуни јавноста.
Престојното Светско првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада ќе биде историско со најголем број на селекции кои ќе се натпреваруваат. FIFA го прошири бројот на учесници од 32 на 48, но тука не сака да застане.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Имено, FIFA започна план Светското првенство во 2034 година да се игра со дури 64 репрезентации, што оправдано ја разбуни јавноста бидејќи со проширувањето на селекциите се губи квалитетот на фудбалот на најголемото светско натпреварување.
Во моментов има 210 селекции под ингеренција на FIFA и се натпреваруваат за пласман на Светското првенство, а доколку FIFA го потврди бројот од 64 учесници на Мундијалот, тоа значи дека речиси секоја трета селекција во светот ќе учествува на Светското првенство.
На тој начин дефинитивно би се намалил квалитетот на фудбалот на она што е „најсветото“ за секоја селекција, но во исто време Саудиска Арабија, која е домаќин на Мундијалот во 2034 година, со воодушевување ја дочека можноста за проширување.
.🚨 Saudi Arabia are ready to host a 64-team World Cup in 2034 🇸🇦🏆🌍
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 20, 2025
🗣️ Prince Abdulaziz bin Turki Al-Faisal said:
“We are ready, or we will be. If FIFA makes this decision and believes that it is good for everyone, then we will be more than happy to respect it.”
(Source:… pic.twitter.com/YIQK89jSWO