Дома Фудбал ФФМ отвори дисциплинска: За нелуѓе нема место во фудбалот!

ФФМ отвори дисциплинска: За нелуѓе нема место во фудбалот!

Фокусот во Македонија денес е на инцидентот предизвикан од навивачите на Шкендија, што привлече реакција од Фудбалската федерација на Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) иницира дисциплинска постапка против ФК Шкендија заради непримерното однесување на навивачите и игнорирање на минутата молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.

Овој акт претставува грубо непочитување кон загинатите и нивните блиски.

ФФМ планира да преземе соодветни мерки што ќе осигурат дека ваквите неприфатливи однесувања нема повторно да се случат.

За луѓе со такво однесување, нема место во фудбалот. Нека се огладаат на Шкендија Арачинов, која покажуваше чест и почит кон жртвите и ситуацијата во државата.

Пред неколку недели, ФФМ веќе ги испразни трибините од гостински навивачи во Струга поради нивното непримерно поведение и тоа ќе важи за сите – без исклучоци.

Фудбалот мора да биде спорт на почит и достоинство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најслабиот тим во ПМФЛ остана без тренер

Муарем Муарем повеќе не ја извршува функцијата тренер на Скопје. Клубот и стратегот ја пре…