Од редовите на Вардар информираа дека клубот добил казна за користење на пиротехника во натпреварот против Шкупи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„На сметка на АД ФК Вардар пристигнаа за наплата 153.750денари, како казна од страна на ФФМ за дивеење со пиротехника на неодговорни навивачи на натпреварот Вардар – Шкупи (14-то коло).
На овој начин, таквото “навивање” директно ги оштетува фудбалерите на нашиот клуб. Како илустрација, за користење на целиот стадион за еден натпревар, плаќаме кон „АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор“ 145.258 денари. Тоа значи, дека пиротехниката прави еден натпревар двојно да биде поскап. На тој начин Вардар не се сака, туку се оштетува“, објави Вардар