
Поради инцидентите на натпреварот против Струга Трим Лум, ФК Башкими 1947 од Куманово доби сериозна санкција од Дисциплинската комисија на ФФМ.
Клубот е казнет со забрана за настап на домашен терен во траење од четири натпревари, што во пракса значи дека кумановци до крајот на сезоната нема да можат да играат пред својата публика, бидејќи до крајот на првенството требаше да одиграат уште само два домашни дуели. За тие средби, тимот ќе мора да најде алтернативно решение за домаќинствата.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Покрај суспензијата, на Башкими му е изречена и парична казна од 5.000 евра.
Во образложението на одлуката се наведува дека казната следи поради слаба организација на мечот од 28. коло во Првата МФЛ, одигран на 19 април 2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово, како и поради присуство на неслужбени лица на теренот и во службените простории, но и поради физички напад врз членови и фудбалери на гостинската екипа.
Одлуки за казни беа донесени и за поединци од Кожуф. Тренерот Иван Вардиновски и тренерот на голманите Трајче Ников се суспендирани на по два натпревари поради своето однесување.