Дома Фудбал ФФМ ги одложи натпреварите по трагедија во Кочани

ФФМ ги одложи натпреварите по трагедија во Кочани

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на сите планирани натпревари што беа закажани за денес, во сите натпреварувачки категории.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој чекор е преземен поради трагичниот настан што се случи во текот на ноќта во Кочани, каде што, според последните извештаи, животите ги загубија околу 50 лица во пожар кој избувна во локална дискотека.

„Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.

Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции. Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви“, стои во соопштението од ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Ако веќе имав добиено понуда од Реал Мадрид, немаше да ја погледнам

Жозе Мурињо, кој се споменува за враќање во Реал Мадрид, зборуваше пред финалниот натпрева…