Дома Моторспорт Фетел го порази Хамилтон „дома“ и изби на првото место

Фетел го порази Хамилтон „дома“ и изби на првото место

Возачот на „Ферари“ Себастијан Фетел е новиот лидер во шампионатот во Ф-1 откако денеска победи на највозбудливата трка оваа сезона ГН на Велика Британија на Силверстоун.

Фетел победи пред актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес, кој во првите километри имаше судир со Кими Раиконен, кој го однесе на последното место по првиот круг, но сепак го извлече максимумот и заврши на второто место.

Иако издржа казна од 10 секунди поради инцидентот со Хамилтон, финскиот пилот на Ферари, Раиконен успеа да се качи на подиумот, откако се избори за третото место.

Фетел со ова ја оствари својата 51-ва победа и сега во Генералниот пласман има 171 поен, пред Хамилтон со 163.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

ФИА стави рампа: Нема посебни фелни за квалификации во Ф1

Од 2027 година тимовите нема да смеат да менуваат спецификација на фелните меѓу квалификац…