Дома Фудбал Феенорд остана без тренер 48 часа пред натпреварот со Милан во ЛШ

Феенорд остана без тренер 48 часа пред натпреварот со Милан во ЛШ

Главниот тренер на Феенорд, Брајан Приске, ја напушти функцијата, соопштија од холандскиот фудбалски клуб. Разделбата е по взаемна согласност и доаѓа само 48 часа пред првиот натпревар со Милан од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од Феенорд изјавија дека одлуката е донесена поради непостојаност во резултатите и „недостиг на хемија во тимот“. Заедно со Приске заминуваат и неговите асистенти Лука Бабалола и Бјорн Хамберг. Во вторник, клубот од Ротердам ќе го објави името на привремениот тренер.

Феенорд го победи со 3:0 градскиот ривал Спарта Ротердам за време на викендот, но сепак тимот останува на петтото место на табелата во првенството на Холандија со 39 поени од 21 натпревар, 12 поени зад лидерите Ајакс и ПСВ Ајндховен. На почетокот на месецот, тимот отпадна и од Купот на Холандија по пораз од 0:2 од ПСВ Ајндховен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос на улиците во БиХ по ремито со Канада: Се судрија Хрвати и Босанци – фрлаа факли (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина го отвори Светското првенство со нерешен резултат …