Дома Фудбал Фабрицио Романо со „here we go“ ја потврди „бомбата“: Манчестер сити има нов тренер!

Фабрицио Романо со „here we go“ ја потврди „бомбата“: Манчестер сити има нов тренер!

Енцо Мареска наскоро ќе го преземе кормилото на Манчестер Сити и ќе го замени Пеп Гвардиола, соопшти познатиот Фабрицио Романо, придружувајќи ја веста со својот познат израз ‘HERE WE GO’.

Романо наведува дека италијанскиот стратег постигнал целосен усмен договор со актуелниот шампион на Премиер лигата, а Мареска официјално ќе потпише договор на три години.

Италијанскиот тренер долго време се смета за совршен кандидат за наследник на Гвардиола, бидејќи одлично го познава системот на Манчестер Сити. Мареска претходно беше дел од стручниот штаб на Гвардиола, а во последниве години успешно ја гради својата самостојна тренерска кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куферите на Жозе Мурињо се подготвени!

Жозе Мурињо многу брзо би можел да ги пакува куферите за заминување од Реал Мадрид. Враќањ…