Дома Фудбал Англија Eмери одлучи кој ќе брани против Челзи овој викенд

Eмери одлучи кој ќе брани против Челзи овој викенд

Голманската позиција е едно од најголемите прашање кај навивачите на Арсенал, а тренерот Унаи Емери даде јасен одговор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Арсенал сезоната не ја започна најдобар начин, не само поради поразот Манчестер Сити, туку поради начинот на кој играа, а нов натпревар ги очекува веќе овој викенд и тоа повторно дерби ќе се играат против Челзи.

Претходниот натпревар на голот на Арсенал од првата минута стартуваше Петар Чех, а Емери потврди дека така ќе биде и овој викенд.

„Многу сум задоволен од тоа како бранеше во првиот натпревар. Исто така и Лено е фантастичен голман, двајцата се важни за нашиот тим. Оваа сабота ќе стартува Чех, му верувам има огромно искуство“, изјави Емери.

За многумина ова ќе биде изненадување бидејќи го очекуваа Лено како стартер, но талентираниот голман кој пристигна од Леверкузен ќе мора да ја чека својата шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …