Eден од најдобрите судии во Премиер лигата, Ентони Тејлор ја доби довербата од УЕФА да го суди историскиот натпревар на македонската репрезентација против Грузија во четврток.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Влогот во овој натпревар е голем – пласман на ЕП! Токму затоа УЕФА одреди и познат судија да ја дели правдата. Помошници на Тејлор ќе му бидат Гери Бесвик, Адам Нун и Крег Поусон.
Се надевам овој судија ќе донесе среќа за Македонија и во четврток ќе славиме пласман на ЕП. Треба да се спомене и дека Тејлор го судеше последниот Суперкуп на УЕФА помеѓу Баерн Минхен и Севиља.
Секако на натпреварот ќе има и ВАР, а за него задолжени ќе бидат Стјуарт Етвел и Пол Тиерни.