Дома Фудбал Лига на шампиони Eвропа ја чека ждрепката во Нион!

Eвропа ја чека ждрепката во Нион!

Денеска напладне во Нион ќе се одржи ждрепката за 1/8 финалето во Лигата на шампионите и 1/16 финалето во Лигата на Европа.

По натпреварите од групната фаза останаа најдобрите 16. По четири екипи доаѓаат од Германија и Англија, три од Италија, две од Португалија и по една од Франција, Белгија и Шпанија, што е најголемото изненадување, бидејќи Ла Лига ја претставува само бранителот на титулата Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ограничувања за ждрепката за осминафиналето како и секогаш ќе има, па така веќе е познато дека клубови од иста земја и иста група не можат да се сретнат еден против друг.

Носители на ждрепката ќе бидат победниците на групите: Наполи, Порто, Баерн, Тотенхем, Челзи, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Бенфика. Во вториот шешир ќе се најдат второпласираните екипи: Ливерпул, Клуб Бриж, Интер, Ајнтрахт Франкфурт, Милан, Лајпциг, Дортмунд и Пари Сен Жермен.

Интересно ќе биде напролет и во Лигата на Европа, ждребот за 1/16 финалето за ова натпреварување е од 13:00 часот. Конкуренцијата тука никогаш не била посилна. Второпласираните екипи во Лига Европа се: ПСВ, Рен, Рома, Унион Берлин, Манчестер Јунајтед, Митјиланд, Нант и Монако.

Тие во борба за осминафиналето ќе ги вкрстат силите со третопласираните екипи од групната фаза во Лигата на шампионите: Ајакс, Баер Леверкузен, Барселона, Спортинг, Салцбург, Шахтјор, Севиља и Јувентус.

Директен пласман во осминафиналето како победниците на групите обезбедија: Арсенал, Фенербахче, Бетис, Ројал Унион Сен Гило, Реал Сосиедад, Феенорд, Фрајбург и Ференцварош. Овие екипи ќе ја прескокнат денешната ждрепка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Зинедин Зидан му кажа „НЕ“ на Баерн Минхен

Зинедин Зидан вели дека никогаш нема да биде тренер на Баерн Минхен, со тоа француската ле…