Дома Останати Eве како судиите ги поделија бодовите во најголемата УФЦ борба во историјата (ФОТО)

Eве како судиите ги поделија бодовите во најголемата УФЦ борба во историјата (ФОТО)

Најспектакуларната борба во историјата на УФЦ заврши со доминантна победа на Кабиб Нурмагомедов над Конор Мекгрегор. Конор беше принуден во 4-тата рунда да го предаде мечот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Главните судии Дерек Клери, Сал Д’Амато и Жункиро Камијо беа едногласи во одлуката. Пред во 4-тата рунда да го „загуши“ Ирецот, Нурмагомедов ги освои сите претходни три рунди.

Додека Кабиб во првата, втората и третата рунда освои по 29 од можни 30 бодови, Конор во секоја рунда беше оценуван со 27 бодови.

Кабиб со оваа победа ја продолжи совршената низа во УФЦ, но како голема „црна дамка“ ќе останат случувањата после борбата кога тргна да се пресметува со еден од тренерите на Конор.

Поради таквата ситуација не му беше доделен и шампионскиот појас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…