Дома Фудбал Евертон со нов обид да го доведе поранешениот селектор на Англија?

Евертон со нов обид да го доведе поранешениот селектор на Англија?

Тимот на Евертон е едно од најголемите разочарувања во англиската Премиер лигата од почетокот на сезоната.

После 13 одиграни кола тие се наоѓаат на 16 позиција со само два бода над опасната зона. „Карамелите“ пред две недели го отпуштија Роналд Куман, а клубот подоцна се обидуваше да го доведе поранешниот селектор на Англија, Сем Алардајс, но сепак двете страни не успеаа да се договорат.

За привремен тренер беше назначен Дејвид Ансворт, но и со него на клубот повторно не му оди.

Сега, англиските медиуми пренесуваат дека Евертон е спремен да ги исполни барањата на Алардајс и да го доведе во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тројна дисциплинска разврска за арачиновци, Дервиши со најдолга суспензија

Шкендија Арачиново се соочува со постапки за организацијата и за однесувањето на директоро…