
Во фасцинантното финале на шпанскиот Суперкуп, Барселона ја победи Реал Мадрид во Џеда, Саудиска Арабија, со резултат од 3:2. Каталонците до триумфот ги поведоа со головите Рафинја (2x) и Роберт Левандовски, додека за Реал погодија Винисиус и Гонзало Гарсија. Ова претставуваше осмо трофејно достигнување во тренерската кариера на Ханси Флик, со перфектен учинок од осум финални натпревари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По освојувањето на Суперкупот, Барселона инкасираше два милиони евра. Вкупно, од ова натпреварување, клубот заработи околу осум милиони евра, што е значајно во контекст на нивната финансиска криза. Реал, кој заврши на второто место, доби 1.4 милиони евра, а вкупната заработка од натпреварувањето достигна околу 7.5 милиони евра.
За Барселона ова е шеснаесетта титула во Суперкупот, додека Реал остана со тринаесет трофеи. Ова беше и петти триумф на Барса против Реал во последни шест дуели, што претставува вкупно 105. победа на каталонскиот клуб во најголемото дерби на шпанскиот фудбал. Реал води со една победа повеќе, а 52 натпревари завршиле нерешено.