Дома Фудбал Ернандез ги договори условите – заминува на печалба во Саудиска Арабија

Ернандез ги договори условите – заминува на печалба во Саудиска Арабија

Францускиот лев бек Тео Ернандез е на чекор до трансфер во Саудиска Арабија, откако, според извештаите, постигнал личен договор со клубот Ал-Хилал. Се наведува дека саудискиот гигант е подготвен да му исплати годишна плата од импресивни 20 милиони евра, што значи дека Французинот би станал еден од најплатените дефанзивци во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Познатиот трансфер-новинар Фабрицио Романо објави дека преговорите меѓу Ал-Хилал и Милан се во завршна фаза и дека италијанскиот клуб најверојатно ќе инкасира сума помеѓу 30 и 35 милиони евра како обештетување за трансферот.

Ернандез е дел од Милан од 2019 година, кога пристигна од Реал Мадрид и веднаш се наметна како еден од клучните играчи на „росонерите“. Претходно, тој настапуваше и за Атлетико Мадрид, Депортиво Алавес (каде играше на позајмица), како и за Реал Сосиедад.

Доколку трансферот се реализира, тоа ќе означи крај на една успешна етапа во неговата кариера во Серија А и почеток на ново поглавје на Блискиот Исток.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓулер го нападна поранешниот тренер на Реал: Со него не можев да играм како што посакувам!

Арда Ѓулер повторно е во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност, откако да…