Дома Кошарка Епски тајм-аут на Алимпијевиќ: Ја кршеше таблата и викаше на играчите (Видео)

Епски тајм-аут на Алимпијевиќ: Ја кршеше таблата и викаше на играчите (Видео)

Кошаркарите на Бешикташ, кои од клупата ги води српскиот тренер Душан Алимпијевиќ, се пласира во полуфиналето на Купот на Турција, откако во четвртфиналето, по голем пресврт, го совладаа фаворизираниот Ефес со резултат 85:80.

Најголемите заслуги за триумфот одат кај тренерот на црно-белите – Душан Алимпијевиќ.

Во средината на третата четвртина, Бешикташ заостануваше со 14 поени (49:63) и се чинеше дека Ефес рутински ќе го заврши натпреварот, но тогаш Алимпијевиќ побара тајм-аут, по кој се’ се промени.

Темпераментниот српски тренер беснеше на клупата. Викаше на играчите, ја фрлаше таблата, шутираше со столче. Успеа да ги разбуди своите играчи, кои во продолжение “летаа” по теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шенѓун ја растури Јута со 43 поени, Богдановиќ прецизен за Хјустон

Хјустон славеше со 125:118 предводен од Алперен Шенѓун, а Богдан Богдановиќ погоди три тро…