Дома Фудбал Енрике размислува за иднината! ПСЖ најде засилување во Реал Мадрид

Енрике размислува за иднината! ПСЖ најде засилување во Реал Мадрид

Додека ПСЖ се подготвува за уште едно лето во кое ќе се обиде понатаму да го зајакне својот проект кој се базира на млади играчи, од Шпанија пристигнуваат информации кои јасно покажуваат во кој правец размислуваат во Париз.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според шпанските медиуми, новата мета на францускиот гигант е еден од најталентираните дефанзивци на Реал Мадрид, младиот Хоан Мартинез.

Според написите на угледната Марка, париските претставници внимателно го следат развојот на 18-годишниот стопер кој потекнува од познатата академија La Fábrica.

Клучна улога во тој процес има спортскиот советник на клубот Луис Кампос, познат по својата способност да препознае и донесе врвни млади таленти пред да се истакнат на големата сцена.

Мартинез се уште нема дебитирано за првиот тим на Реал, но тоа ништо не го намалува интересот кој постои за него, бидејќи веќе сега е стандарден во Кастиља.

Исто така, е дел од генерацијата која ја освои младинската Лига на шампионите, што го позиционира меѓу најперспективните играчи за својата позиција во Европа.

Во Мадрид го гледаат како долгорочно решение во одбранбената линија и наследник на сегашните ѕвезди.

Затоа не изненадува што неговиот договор е врзан до 2029 година, со откупна клаузула која изнесува дури 150 милиони евра.

Токму таа цифра доволно зборува колку Реал Мадрид го цени, но и колку преговорите би биле комплицирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагедија во Србија: Голманот доживеа срцев удар на теренот и почина на пат кон болницата

Голема трагедија ја погоди Србија во пониските фудбалски лиги каде еден голман го загуби ж…