
Луис Енрике покажа дека размислува и за сегашноста и за иднината. Тренерот на Пари Сен Жермен своето следно засилување го најде во Мадрид, во редовите на Реал.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Додека Пари Сен-Жермен се подготвува за уште едно лето во кое ќе се обиде дополнително да го ојакне проектот базиран на млади играчи, од Шпанија пристигнуваат информации кои јасно покажуваат во кој правец размислуваат во Париз.
Според пишувањата на шпанските медиуми, новата цел на францускиот гигант е еден од најталентираните дефанзивци на Реал Мадрид, младиот Жоан Мартинез.
Според пишувањата на угледната Марка, Паризжани внимателно го следат развојот на 18-годишниот стопер кој доаѓа од прочуената академија Ла Фабрика.
Клучната улога во овој процес ја има спортскиот советник на клубот Луис Кампос, познат по способноста да препознае и донесе врвни млади таленти пред да експлодираат на големата сцена.
Мартинез сè уште нема дебитирано за првиот тим на Реал, но тоа воопшто не ја намалува заинтересираноста што постои за него, бидејќи веќе сега е стандарден во Кастиља.