Дома Фудбал Ендрик без минута кај Алонсо: Бразилецот во јануари ќе „бега“ во Премиер лигата

Ендрик без минута кај Алонсо: Бразилецот во јануари ќе „бега“ во Премиер лигата

Младиот бразилски напаѓач Ендрик, кој пристигна како едно од најголемите засилувања на Реал Мадрид, сè уште не добил ниту една минута на официјален натпревар под водство на тренерот Чаби Алонсо.

Иако „кралскиот клуб“ не планира да се откаже од неговите услуги, моменталната конкуренција во нападот не остава простор за младиот талент, па сè посериозно се разгледува можноста тој да биде испратен на позајмица во текот на зимскиот преоден рок.

Според информациите од шпанските медиуми, англискиот Вест Хем е најзаинтересиран да го доведе Ендрик во јануари. Сепак, опција е и останување во Ла Лига, каде што интерес за него покажуваат Валенсија и Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maркус Рашфорд во финишот од преодниот рок прави шокантен трансфер!

Англискиот напаѓач, по враќањето од Барселона, повторно е дел од плановите на Манчестер Ју…