Дома Останати Тенис Емотивна честитка: Ѓоковиќ погледна стара фотографија и се расплака (Видео)

Емотивна честитка: Ѓоковиќ погледна стара фотографија и се расплака (Видео)

Олимписките игри преку социјалните мрежи му честитаа роденден, а споделија и снимка на Новак и новинарот кој му дава на Србинот фотографиja од детството.

– Како би го опишал овој пат од овој момент до сега кога се оствари – беше прашан, а потоа Ѓоковиќ се расплака и одговори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


– Имав четири години на Копаоник, на планина во Србија. Тоа е прв пат кога се заљубив во спортот. Многу сум благодарен на сите луѓе, вклучително и на мојот прв тренер кој ми помогна да се заљубам во тенисот. Благодарен сум на сите луѓе. Благодарен сум на Бога што ми ја даде оваа милост и благослов и оваа шанса.

– Во тоа време беше речиси невозможно да се остварат сите овие работи, но ништо не е невозможно. Кога имаш вера и сила и веруваш во себе. Ништо не е невозможно – рече Новак Ѓоковиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кирјос може да биде суспендиран четири години, но може и само еден месец!

Должината на казната и суспензијата што му се заканува на Кирјос поради позитивен тест на …