Дома Фудбал Eмоциите беа пресилни: Газдата на Ал Хилал како мало дете плачеше на трибините (Видео)

Eмоциите беа пресилни: Газдата на Ал Хилал како мало дете плачеше на трибините (Видео)

Претседателот на Ал-Хилал, Фахад бин Нафел, не можеше да ги прикрие емоциите и беше снимен како плаче на трибините по победата на неговиот тим против Манчестер Сити со 4:3 во осминафиналето на Светското клупско првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова беше историска победа за саудискиот клуб, имајќи предвид дека Сити беше апсолутен фаворит, но наместо тоа, станавме сведоци на вистинска сензација.

Сити го отвори натпреварот одлично и поведе уште во деветтата минута преку Силва. Во остатокот од првото полувреме, англискиот тим целосно доминираше, но не успеа да постигне втор гол.

Казната за промашувањата дојде веднаш на почетокот на второто полувреме кога Ал-Хилал, преку головите на Маркос Леонардо и Малком, го сврти резултатот.

По само три минути, Халанд израмни на 2:2 и тој резултат остана до крајот на регуларниот дел.

Продолженијата донесоа уште драма со три постигнати гола. Прво Кулибали повторно го доведе Ал-Хилал во водство, а Фоден возврати од спротивната страна.

Конечните 4:3 ги постави Маркос Леонардо во 112. минута од натпреварот.

Ал-Хилал во четвртфиналето на Светското клупско првенство ќе се соочи со Флуминенсе, кој претходно го елиминираше Интер. Овој натпревар е закажан за петок во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…