Дома Останати Кошарка Ембид имаше голема среќа – за малку ќе заработеше бизарна повреда (Видео)

Ембид имаше голема среќа – за малку ќе заработеше бизарна повреда (Видео)

Слабо започна сезоната за Филаделфија, но како што поминува времето, доаѓаат и подобри игри и резултати. Кошаркарите на Филаделфија ги поразија актуелните шампиони Бостон Селтикс на божиќната вечер со 118:114 и запишаа осма победа во последниве единаесет дуели во НБА лигата.

Натпреварот имаше прилично интересен тек и го оправда тоа што беше закажан за ден кога традиционално се игра кошарка во Америка.

Филаделфија одеше од плус од четиринаесет поени до минус, па назад до двоцифрена разлика, а на крајот извојува релативно лесна победа. Сето тоа го следеше Џоел Ембид, како и секогаш, со неговите контроверзни гестови.

Центарот мавташе кон публиката на крајот од дуелот, откако токму навивачите го „нападнаа“, а тој заедно со Тајрис Мекси беше најефикасен играч во својот тим. Камерунецот постигна 27 поени и девет скокови, додека плејот имаше 33 поени и 12 асистенции.

Ембид, исто така, за време на загревањето во Масачусетс за малку ќе се повредеше, и тоа на навистина бизарен начин.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер го „продаде“ Јокиќ, Србин оди кај Дончиќ во Лејкерс?

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Ле…