Дома Фудбал Елмас пристигна во Неапол – среќен е што се враќа дома (Видео)

Елмас пристигна во Неапол – среќен е што се враќа дома (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас доцна синоќа слета во Неапол, каде што денеска треба официјално да ги заврши сите формалности околу неговото враќање во редовите на Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Популарниот „дијамант“ повторно се враќа во клубот каде што ги доживеа најубавите моменти во својата кариера – го освои историското Скудето и остави силна трага кај навивачите. По краткиот престој во Лајпциг, каде што не успеа целосно да се наметне и да добие посериозна улога, враќањето во Италија претставува големо олеснување и нова шанса за него.

На фотографиите и снимките од пристигнувањето во Неапол, Елмас изгледа видно расположен, а неговата насмевка најавува дека повторно се чувствува „како дома“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…