Дома Фудбал „Ел Класико“ е под опасност: Шпанците ќе направат преседан!?

„Ел Класико“ е под опасност: Шпанците ќе направат преседан!?

Второто „Ел Класико“ во Ла Лига за оваа сезона би можело да се одигра надвор од Шпанија, поради неочекуваните логистички предизвици со кои се соочува Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот е планиран за викендот на 10/11 мај, но на Олимпискиот стадион Монжуик токму во тој период е закажан концерт на познатата рок-група Ролинг Стоунс.

Со оглед на тоа што реконструкцијата на Камп Ноу сè уште е во тек и нема да биде завршена пред крајот на годината, Барселона е приморана да бара алтернативна локација за овој голем дерби натпревар, како и за останатите мечеви во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Постои можност Ел Класико првпат во историјата да се одигра надвор од Шпанија. Меѓу потенцијалните меѓународни дестинации се стадионите во Лион и Марсеј, култниот Вембли во Лондон, а како попредизвикувачки алтернативи се споменуваат Мајами и Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ВИДЕО) Ираола скапо ја плати дебитантската победа на клупата на Ливерпул

Ендони Ираола со триумф го започна својот менаџерски мандат на клупата на Ливерпул, откако…