Дома Фудбал Извлечени паровите во осминафиналето на ФА Купот

Извлечени паровите во осминафиналето на ФА Купот

Вечерва беше одржано извлекувањето за осминафиналната фаза на ФА Купот Неколку интересни двојки беа формирани, кои сигурно ќе привлечат внимание на навивачите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тимот на Плимут, кој приреди сензација во четвртиот круг, елиминирајќи го Ливерпул, повторно немаше среќа на извлекувањето. Тој ќе мора да гостува на уште еден гигант од Премиер лигата, Манчестер Сити.

Носителот на трофејот Манчестер Јунајтед веројатно не е премногу задоволен од извлекувањето, бидејќи му го додели друг тим од Премиер лигата, Фулам. Добрата вест за “црвените ѓаволи” е тоа што ќе бидат домаќини на “Олд Трафорд”.

Другите поинтересни двојки што беа формирани се помеѓу Њукасл и Брајтон, како и меѓу Борнемут и Вулверхемптон.

Натпреварите од оваа рунда ќе се одиграат за време на викендот на почетокот на март.

ФА Куп, осминафиналиња:

Престон – Бранли

Астон Вила – Кардиф

Донкастер/Кристал Палас – Милвол

Манчестер Јунајтед – Фулам

Њукасл – Брајтон

Борнемут – Вулверхемптон

Манчестер Сити – Плимут

Егзитер/Нотингам – Ипсвич

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…