Дома Фудбал Eден од најбараните фудбалери во Европа пред трансфер во Серија А!

Eден од најбараните фудбалери во Европа пред трансфер во Серија А!

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, наводно е најблиску до преселба во Италија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што откри Скај спорт, во моментот Дејвид преговара само со Интер и Јувентус, кои покажаа најголем интерес за неговиот потпис.

Канаѓанецот своевремено откри дека неговиот сон е да игра за Барселона, но Каталонците сепак се откажаа од него.

Дејвид има договор со Лил до 30 јуни и повеќепати повтори дека нема да потпише нов договор, бидејќи верува дека сега е вистинскиот момент за напредок во кариерата.

Интер моментално има предност во трката за неговиот потпис, иако на „Меаца“ конкуренцијата е далеку посилна, бидејќи таму се Лаутаро Мартинез, Маркус Тирам, Мехди Тареми и Марко Арнаутовиќ, кому секако исто така му истекува договорот на 30 јуни…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…