Легендарниот дефанзивец на репрезентацијата на Бразил и еден од најтрофејните играчи на Реал Мадрид, Марсело (36), објави дека заминува во пензија. Кариерата ја завршува по 721 одиграни натпревари, 58 голови, 117 асистенции и со статус на еден од најдобрите фудбалери кои играле на позицијата лев бек.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бразилскиот Флуминенсе го раскинал договорот со него на почетокот на ноември минатата година по инцидентот кој се случил ден порано за време на натпреварот со Гремио (2:2). Имено, тренерот на Флуминенсе, Мано Менезес, го подготвил Марсело за влегување во игра, а потоа во последен момент ја повлекол одлуката и го вратил на клупата.
Како што може да се види на видео записот, Менезес нешто му објаснувал на Марсело, а потоа одеднаш се налутил на него и ја откажал измената. Според една верзија на настанот, Марсело му рекол на Менезес да „не го допира“, а друга верзија вели дека Марсело одбил да исполни одредени тактички замисли на Менезес. Што и да било случајот, очигледно било доволно за клубот да преземе драстични мерки.
Се испостави дека натпреварот кој го одигра на 26 ноември минатата година бил и последен во неговата кариера. Настапи 16 минути во дуелот на Флуминенсе против Виторија.