Женската ракометна репрезентација на Македонија кон крајот на годината во ноември ќе биде кодомаќин заедно со Црна Гора и Словенија на Европското првенство.
Прв противник на Македонија ќе биде Франција и тоа на 5. ноември од 18:00 часот. Потоа ќе игра на 7. Ноември против Холандија, па два дена подоцна против Романија. И овие два натпревари нашата репрезентација ќе ги игра од 18:00 часот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Преостанатиот термин во кој ќе се играат натпревари во Скопје е 20:30 часот, а најдобрите три тепрезентации ќе се соочат во втората фаза.
Европското првенство ќе потсетиме започнува на 4. ноември и тоа со натпреварите Унгарија – Швајцарија и Словенија – Данска од 18:00 часот.