Дома Македонски спорт Eурофарм Пелистер по освоената титула се раздели со седум ракометари

Eурофарм Пелистер по освоената титула се раздели со седум ракометари

Шампионот на Македонија за сезоната 2022/23 – РК Еурофарм Пелистер со завршна манифестација во Голд Фелициа во Битола ја одржа последната активност за сезоната 2022/23.

На гала церемонија наменета за пријателите на клубот, акционерите и спонзорите и припадниците на седмата сила, беше направена ретроспектива на сезоната.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На свеченоста зборуваа претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директот Димитар Митревски и претставници на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

Манифестацијата заврши со шампањ, шампионска песна и фотографија за спомен на незаборавната година.

Со заеднички спомени, многу емоции и свечени подароци Еурофарм Пелистер се раздели со ракометарите кои на крајот од оваа сезона го напуштаат клубот: Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски.

На истек од договорот Еурофарм Пелистер 2 го напуштаат Мартин Јовановски и Никола Стоилевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…