Дома Фудбал Италија Eлмас: Спалети е најважниот човек, како дете го гледав во Рома – навистина е голем тренер!

Eлмас: Спалети е најважниот човек, како дете го гледав во Рома – навистина е голем тренер!

Наполи игра одлична сезона и чудо треба да се случи за тимот на Елмас да не го освои Скудетото, во овој момент тие се лидери со 18 бодови повеќе од Интер на втората позиција.

Елмас сезонава на само седум натпревари беше старетер, додека на останатите средби најчесто влегува во последните 20-30 минути од натпреварите. Сепак и со таква минутажа ја има најефикасната сезона откако дојде во Наполи во 2019 година. До сега македонскиот „дијамант“ беше стрелец на шест голови, а додаде и една асистецнија.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Играме одлична сезона, среќен сум за головите, пред нас има уште натпревари сезонава, па може да дојдам и до двоцифрен број голови. Нашата предност е голема, но како што кажав има уште многу да се игра, мораме да продолжиме како и досега“.

Спалети како дете го гледал во Рома, а сега е среќен што може да работи со него.

„Прекрасно е да се работи со Спалети, од дете го гледав во Рома, тој е навистина голем тренер. Дефинитивно е најважниот човек во нашиот тим и се надевам ќе бидеме уште подобри. Не чекаат тешки натпревари“, порача Елмас.

Со своите шест гола, Елмас е трет стрелец во Наполи, повеќе голови од него имаат само Осимен и Кварцхелија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…