Дома Фудбал Репрезентации Eлмас: Жал ми е што Италија нема да игра на Светското првенство

Eлмас: Жал ми е што Италија нема да игра на Светското првенство

Македонија ја елиминираше Италија во полуфиналниот бараж за Светското првенство, а нашата репрезентација во финалето беше запрена од Португалија. Елиф Елмас кој не настапи против „Аѕурите“ на италијанската јавност и порача дека жали што Италија вторпат по ред нема да игра на еден Мундијал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Минатиот викенд Елмас постигна гол во победата на Наполи против Аталанта, а со тој триумф Наполи ја продолжи трката за Скудетото со Милан и Интер. Меѓутоа покрај трката за Скудетото, една од главните теми на Апенините, посебно кога се македонските фудбалери во прашање е елиминацијата на Италија.

„За Македонија тоа беше победа од соништата. Јас не играв поради суспензија, но сон е на секого да се победи селекција како Италија. Жал ми е за Италија, имам многу пријатели Италијанци и секако дека оваа земја заслужува да игра на Светско првенство. Против нас играа одлично, но во фудбалот не победува секогаш подобриот“, изјави Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…